Жерард Пике испрати јасна порака за сите противници на Барселона по вчерашната неверојатна победа од 6-1 против ПСЖ, со која Каталонците обезбедија четвртфинале во Лигата на шампионите.
Пике имаше повеќе од директна порака, посебно обраќајќи се до Серхио Рамос од Реал Мадрид…
„Постојат луѓе кои сакаа да не видат ‘мртви’, но овој тим уште не го кажал последниот збор. Ова е за оние кои не веруваат, за оние кои сакаа да испаднеме и на кои им ја скративме радоста… Ова е за нашите ривали. Ете им порачувам лошо да сонуваат овие денови. Нека ја сонуваат Барселона“ – рече Пике.
Да потсетиме. Капитенот на Реал Мадрид пред мечот меѓу Барса и ПСЖ даде интересна изјава: „Мирно и убаво ќе си спијам уште и Барселона да испадне“.
Во четвртфиналето од ЛШ, покрај Барселона, се уште и Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА