Пике револтиран: Доста беа празни ветувања, навивачите на Барселона треба да ја знаат вистината

Финансиските проблеми со кои се соочува Барселона веќе неколку години наназад оставија длабока трага во успесите на клубот. Претседателот Лапорта секоја година најавува атак на најголемите трофеи, но реалноста е дека во моментот славниот шпански тим е далеку од нивото на кое што се наоѓаат Реал Мадрид, Манчестер Сити…

На оваа тема говореше и легендата на клубот, Жерар Пике кој упати порака до раководството на тимот да не дава празни ветувања на навивачите и да ја каже вистината. А, притоа им предложи и на што да се фокусираат во следните години.

„Ако реалноста на клубот е дека нема „скршена пара“, мора тоа да се каже. Не можете давате лажни ветувања дека ќе ја освоиме Лигата на Шампиони и потоа немате пари за да се натпреварувате.

Треба да им веруваме на луѓето од Ла Масија кои се многу добри и талентирани. Оставете ги да работат и со младите ќе се обидуваме да ја освоиме Ла Лига“, вели Пике.

Се вчитува...