Барселона повторно го освои Мадрид, овојпат во „Ла Лига“, уште повеќе зацврстувајќи се на врвот на табелата. Дефанзивецот Жерар Пике не го криеше задоволството од конечниот исход, но и разочараноста од грубата игра на противникот врз Жерар Меси.
„Многу сакам да играм овде, тоа се мечеви „на се или ништо“ што го вадат најдоброто од секој од нас. И лани се најдовме во слична ситуација во шпанското првенство, но знаеме што ни се случи во ЛШ. Се надевам дека овојпат ќе бидеме подобри и во Европа. Разочаран сум од начинот на кој Реал играше против Меси, само во Мадрид може да се случи Лео да изеде таков ќотек, а судијата да не санкционира речиси никого“ – изјави Пике.
Тој се осврна и на дуелот од самиот финиш на првото полувреме, кога Серхио Рамос го игра со рака во лицето Меси, а арбитрите останаа неми.
„Лео дојде во соблекувална со крв на устата. Очигледно е дека имаше удар, но некој друг треба да каже зошто судиите оцениле дека тоа не треба да се санкционира“ – порача еден од клучните играчи во таборот на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА