Жерард Пике се најде на жесток удар од најверните навивачи на Барселона по неговата изјава дека не е изненаден што Антоан Гризман не сака да дојде во каталонскиот клуб.
Францускиот напаѓач порача дека останува во Атлетико Мадрид, со што ги прекина сите досегашни шпекулации околу неговата иднина. После таа негова одлука се огласи и Пике кој истакна дека знаел за неговото недоаѓање, а претходно му дал, онака иронично, и идеја да направи и документарец околу сета оваа сага.
Оваа вистина ги шокираше навивачите на Барса, но и претседателот Бартомеу… Многумина сметаат дека со оваа изјава Пике влијаел на одлуката на Гризман, а со својот дрзок однос го оттргнал напаѓачот од нивниот дрес.
„Гризман од порано ми кажа дека постојат шанси да дојде во Барса. Јас му предложив да си сними документарец за својата одлука. Кога дознав дека нема да доаѓа тоа им го соопштив на луѓето од клубот. Претседателот Бартомеу беше бесен, но Барселона е над сите поединци. Има многу играчи кои сакаат да дојдат кај нас“ – вели сега Пике.
Но, дел од навивачите на Барса, токму поради ваквиот несоодветен однос на Пике, му порачаа дека никогаш не бил и нема да биде лидер на Барселона. Слично нешто направи и со Нејмар објавувајќи фотографија дека останува во каталонскиот тим, а Бразилецот потоа се пресели во ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА