Жерар Пике приреди вистинско изненадување вчера пред дуелот со Еспањол појавуваќи се на „Камп Ноу“ со велосипед. Додека останатите фудбалери на натпреварот се појавуваа вообичаено со своите скапоцени автомобили, Пике „профучи“ покрај новинарите на велосипед.
Но, се работи за велосипед вреден 10.000 долари од хрватски производител, кој овозможува со полна батерија возење и до 130 километри.
Интересно е дека велосипедот е на електричен мотор од 16 коњски сили и со него може да се достигне и брзина од 70 километри на час.
Para los que no habéis pillado el mensaje de Piqué: ha llegado al Camp Nou en una bici de doble suspensión y freno de disco. Es decir, una bici de descenso. pic.twitter.com/JF5xVGJKJY
— Xavi Riera (@xaviriera) July 8, 2020
Како и да е, Пике доби и бројни критики затоа што го користел велосипедот без пропишана кацига, но и дека во подтрибинскиот простор на стадионот во Барселона се појавил без маска во време на пандемијата на коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

