Барселона и Нејмар изминатово лето направија се Бразилецот да се врати на Камп Ноу. Но, ПСЖ бараше 300 милиони евра за бразилскиот напаѓач па на крајот не бидна ништо.
И сите фудбалери на Барселона се мобилизираа желни да се врати Нејмар, подготвени и да се согласат за намалување на своите плати за да се обезбедат средства за Бразилецот.
„Ние играчите му кажавме на претседателот Бартомеу дека сакаме да ги промениме своите договори и да ги намалиме платите за да дојде Нејмар. Знаевме дека клубот се обидува да собере пари за неговиот трансфер, но беше тешко поради финансискиот фер-плеј“ – вели Жерард Пике.
Но, Бартомеу ја одбил таквата можност…
„Место да ги намали платите, клубот се одлучи за друга формула. Тогаш мислеа дека тоа е добра идеја, а потоа се појавија нови проблеми“ – дополнува Пике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА