Пике со сочни пцовки заминува во пензија

Жерар Пике стави крај на својата професионална кариера на мечот против Алмериа, но легендарниот фудбалер на Барселона повторно беше во составот на каталонците за вчерашното гостување кај Осасуна. А, и покрај тоа што не настапи на овој меч, заработи црвен картон откако на полувремето не успеа да ги смири страстите кон судијата Хесус Гил Манзано.

На патот кон соблекувалните, незадоволен од црвениот картон додален на Роберт Левандовски уште во 31. минута, поранешниот капитен на Барселона сочно го пцуел делителот на првдата, кој пак уредно ги запишал навредите во записникот.

„Дали виде каков гол ни дадоа, а ти го признаваш? Ти си судијата кој највеќе не краде. Е**на срамота е тоа што го правиш. Да ти се по***ам на мајката к***инска“, стои во записникот.

Се вчитува...