Пике: За мене Меси секогаш ќе биде пред Марадона

Наполи и Барселона вечерва во Неапол го играат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Каталонскиот клуб како фаворит стигнува во Италија, но јасно е дека го очекува тешка задача во желбата за пласман во следната рунда натпревари.

И дефанзивецот Жерард Пике знае дека ги чека тешка задача, потенцирајќи дека мора да постигнат барем гол во Неапол како би си ја олесниле задачата за реваншот.

„Наполи не ја почна баш најдобро сезоната, но изминативе недели играат се подобро. Имаат одлични фудбалери како Мертенс, Инсиње, Милик… Ние треба да ја играме нашата игра, и важно е да постигнеме гол“ – вели Пике.

Италијанските медиуми ги интересираше и околу тоа кој е подобар фудбалер од Аргентинците, Лионел Меси или Диего Марадона, кој остави силна трага во дресот на Наполи.

„Сите знаат кој е Марадона. Тој е единствен играч кој многу даде за фудбалот. Играше за двата овие клуба и засекогаш ќе остане запаметен. Но, ако треба да компарирам меѓу двајцата тогаш сигурно го одбирам Меси затоа што неговата магија трае многу подолго од онаа на Марадона. Секогаш би го избрал Меси пред Марадона“ – вели Пике.

 

Се вчитува...