Евертон издржа на „Стемфорд бриџ“ ремизирајќи без голови против Челси. Херој на гостинскиот тим е англискиот репрезентативен голман Џордан Пикфорд, кој успеа да ги сопре буквално сите удари кон неговиот гол.
Алваро Мората и Еден Азар ги имаа најизгледните шанси, но Пикфорд беше расположен и не дозволи да биде совладан. Во 72.минута Мората постигна погодок кој не беше признат поради офсајд позиција.
Челси го забележа четвртото реми во Премиер – лигата, се уште е без пораз, и сега заостанува два бода зад моментниот лидер Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА