Двете селекции одиграа 1-1 во регуларниот дел, а се „разбудија“ во последните 75 минути кога Емболо успеа да стрела во мрежата на Пикфорд. Тоа беше јасен сигнал за Англичаните да тргнат во напад, а пет минути подоцна Сака успеа, сепак, да израмни и да ја спаси Англија.
Во продолженијата поделени и двете селекции. Англија нешто подобра во првото, Швајцарија во второто, но промена на резултатот немаше, па се изведуваа пенали.
Уште по првата серија Англија дојде до предност, откако поведе Палмер, а Аканџи промаши, односно Пикфорд му го одбрани ударот, што на крајот ќе се покаже одлучувачки момент. Во втората серија двете селекции погодија, исто и во третата серија. Во четвртата серија сигурни беа и двете репрезентации, за Александар-Арнолд да го погоди и петиот пенал, и да ја однесе Англија во полуфиналето.
Пенал серијата на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА