Пикси бесен: Велеа дека сме имале среќа, како не им е срам?

Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси ја однесе Србија на Европско првенство, првпат од нејзиното одвојување од Црна Гора. Последен пат беа на ЕВРО во 2000 година, кога сегашниот селектор беше капитен на екипата.

Тој е лут на јавноста, односно на „критичарите“ за кои вели дека „сите се селектори и сите знаат подобро“.

„Така ми се оние фудбалски „зналци“, колку тие разбираат фудбал, рекоа 3-4 да им дадеме на Бугарија. Потоа се прашуваш дали тие се нормални. Не знам на што се темели тој оптимизам. Лесно е да зборуват оние кои не се во твојата кожа. Кога одевме да играме со Шведска во Лигата на Нации таму, им реков дека ќе победиме. Еден ме повика и ми кажа да не зборувам така затоа што не треба само да изгубиме. Тоа е разликата како јас размислувам, а како тие. Секогаш бараат алиби. Јас не сум таков. Потоа оној меч во Лисабон, велат дека сме имале среќа. Како не им е срам? Што гледате вие? Начинот на кој игравме, на кој победивме треба да им се честита на момците“, рече популарниот Пикси.

Се вчитува...