Пикси го објави поширокиот список за ЕВРО 2024

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, го објави поширокиот список на репрезентативци за Европското првенство во Германија. Стојковиќ избра 35 фудбалери, што значи дека до стартот на ЕВРО 2024 ќе мора да отпише девет од нив.

На списокот изненадувачки се наоѓаат голем број фудбалери од домашниот шампионат, меѓу кои: олманот на Партизан, Александар Јовановиќ и неговиот соиграч Самед Баждар, Немања Стојиќ и Александар Ќирковиќ од ТСЦ, како и Срѓан Мијаиловиќ и Урош Спајиќ од Звезда, односно Михаило Ивановиќ од Војводина и Матија Глушчевиќ од Радник Крагуевац.

Се вчитува...