Драган Стојковиќ – Пикси е еден од најпопуларните фудбалери на просторите на поранешна Југославија. Поранешниот репрезентативец на Југославија, а сега селектор на Србија во емисијата „Мои Топ 11“ со Нешо Петровиќ, ги издвои најдобрите играчи со кои соработувал.
Неговиот идеален состов е следен: Пантелиќ, Просинечки, Југовиќ, Савичевиќ, Панчев, Водл, Карлос Алберто Торес, Реница, Сушиќ, Мијатовиќ и Белодедиќ. Тренер на оваа екипа би бил Арсен Венгер.
Пикси настапуваше заедно со Панчев во Црвена Звезда, но замина пред белградскиот тим да стане европски првак, и играше во Марсеј, противникот на Звезда во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА