Селекторот Драган Стојковиќ-Пикси, истакна дека не е разочаран од испаѓањето на селекцијата од Европското првенство. Србија го освои последното место во групата и е елиминирана од натпреварувањето.
Стојковиќ како причина за елиминацијата го истакна поразот од Англија, како и слабата реализација во нападот.
„Горд сум на момците, имаше многу трчање, многу борба на сите три натпревари. Кога ќе направиме анализа, тој пораз од Англија пресуди. Мислам дека оставивме добар впечаток, и играчите заслужуваат честитки за борбеноста. Овој меч со Данска беше еден тврд натпревар и идентичен од двете страни. Огледало во тактичка смисла. Тоа го зборува бројот на шансите, знаевме дека ќе немаме многу шанси, дека ако дојдеме до шанса, едноставно ќе моравме да реализираме. Вака од психолошка страна Данците беа во подобра ситуација,затоа што им одговараше нерешено. Гледате дека Данска и Словенија не победија никого, а одат понатаму. На ова првенство ја подобривме дефанзивата, нешто за кое бевме критикувани, но во нападот ни недостасуваше гол, ни недостасуваше победа, голем број на шанси кои не ги искористивме. Сето тоа е придонесе за ова. Но, излегуваме од овој турнир со кренати глави“, рече селекторот на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА