Пикси му возврати на Видиќ: Не може да ме повреди некој кој ништо не работи

Изминативе денови, покрај ждрепката за Европското првенство во Германија, српската фудбалска јавност ја „тресе“ и конфликтот меѓу ФФС и Немања Видиќ.

Имено, прославениот репрезентативец  и еден од најдобрите стопери во историјата на српскиот фудбал, го обвини селекторот Драган Стојковиќ Пикси и неговиот стручен штаб дека во последните две години заработиле дури 16.000.000 евра на име бонуси за пласмани на големите натпреварувања.

Во меѓувреме тоа го направи ФФС, со соопштение во кое го праша Видиќ „зошто сега?“, а потоа, конечно, во целост се огласи Драган Стојковиќ.

„Не може да ме повреди некој како него што не прави ништо. Тоа што го кажа е многу грдо. Покажа непочитување кон мене. Јас како селектор не можев да му помогнам, ниту да го обесхрабрам во желбата да стане претседател на ФФС. Тоа не се обвинувања, туку коментари кои не му одговараат. Тој е големо фудбалско име, го почитував и секогаш добро зборував за него. Се гордеевме со неговите игри. Ме чуди пред се неговото основно незнаење. Спомнува бројки, некои 16 милиони, мора прво да биде добро информиран.Треба некој да објасни и поедностави што се биланси, завршни сметки и слично. Местото за таков тип на прашања е седницата на Собрание на кое тој е член“, рече Стојковиќ.

Се вчитува...