Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката што Драган Стојковиќ Пикси ја понуди по поразот од Албанија во квалификациите за СП 2026 година, со што српската репрезентација официјално нема селектор.
Тој со емотивно писмо се прости од раководството на сојузот, репрезентативците, но и навивачите.
„По четири и пол години, повеќе не сум на позицијата селектор на А-репрезентацијата на Србија. Прво, сакам искрено да му се заблагодарам на Фудбалскиот сојуз на Србија за довербата што ми ја покажа – беше чест и голема привилегија да ја водам репрезентацијата на мојата земја. Заедно успеавме да постигнеме историски резултат и, по 24 години, да поврземе две големи натпреварувања – Светското првенство и Европското првенство. Успеавме да ја постигнеме целта што си ја поставив како тренер. Секогаш ќе ги паметам сцените од Лисабон, бидејќи тоа е еден од најубавите моменти во мојот живот и еден од најголемите успеси на српскиот фудбал во поновата историја“, напиша Пикси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

