Пикси: Не сум алкохоличар, можете да ме навредувате, но јас сум тука за доброто на српскиот фудбал…

Драган Стојковиќ – Пикси остана на чело на српската репрезентација и покрај слабиот резултат на ЕВРО 2024, па кормиларот се најде на удар на јавноста ина првата прес-конференција во септемврискиот циклус.

Конфликтите на Стојковиќ со дел од фудбалерите придонесе капитенот Тадиќ да се повлече од репрезентацијата, Митровиќ и Сергеј Милинковиќ – Савиќ воопшто не се повикани, а Душан Влаховиќ самиот да реши да не дојде да помогне за септемвриските натпревари.

„Имаме обврска да играме на уште едно европско првенство. Ние сме одговорни луѓе, направивме една темелна и детална анализа на се што се случуваше на ЕВРО 2024. Јас не сум некој што ќе ги критикува фудбалерите, што ќе ја бара вината кај нив, секогаш настојувам да бидам позитивен и така ќе остане. Одговорноста ја преземам на себе, а за сите успеси кои ги правиме, за нив се заслужни фудбалерите. Верувам дека сум бил во право во огромен дел од одлуките кои ги носев во изминатиот период. Секако дека постоеја и грешки, но кога се работи во светот на фудбалот нормално е и да се греши. Покажете ми човек што не згрешил во фудбалот и веднаш донесете го на ное место да биде селектор“, изјави Пикси.

Потоа, тој се осврна на жестоките критики на негова адреса, откако легендарниот фудбалер беше опишуван како алкохоличар од дел од медиумите.

„Гледам дека некој овде сака да направи да изгледам како алкохоличар, некој што е доволно исфрустриран за да измислува вакви приказни. Јас не сум алкохоличар, воопшто не пијам алкохол. Имам одговорна функција и немам ништо против да ме критикуваат, но не треба да ми се закачуваат епитети со кои немам апсолутно никаква допирна точка. Тоа сепак е работа на некое домашно воспитување, тоа се само нечии лаги во фрустрации“, прокоментира српскиот селектор.

Се вчитува...