Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси зборуваше пред почетокот на Лигата на нации и го коментираше отсуството на клучните играчи. Репрезентацијата на Србија го започнува новиот циклус од Лигата на нации во најсилната, елитна група, заедно со Шпанија, Данска и Швајцарија.
По неодамна објавениот поширок список на играчи на кои смета селекторот Драган Стојковиќ за претстојните натпревари против Шпанија и Данска, конечниот список ќе биде објавен во петок на 30. август.
По дискусија со селекторот Душан Влаховиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ од оправдани причини ќе го прескокнат септемврискиот циклус на натпревари.
„Што се однесува до Влаховиќ, Сергеј и Митар, работите се многу едноставни. Влаховиќ ми се јави, ми рече дека има семејни проблеми, не навлегувам во тоа и се надевам дека тоа што го има ќе го реши на позитивен начин. Митровиќ и Сергеј практично цело време играат со повреди па ќе го искористат овој период тоа да го санираат“, рече Пикси
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА