Селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси ќе потпише нов договор со Фудбалската федерација на оваа земја. Пикси ќе остане на позицијата шеф на стручниот штаб на сениорската репрезентација најмалку до 2026 година, пренесуваат српските медиуми.
Договорот ќе трае до крајот на квалификациите за СП 2026 година. Според информациите, Пикси ќе потпише нов договор најдоцна до пријателскиот натпревар против Русија на 21. март во Москва.
Четири дена подоцна Србија ќе одигра меч и со Кипар. Да потсетиме, Србија на ЕВРО е во група со Англија, Данска и Словенија. Пикси е селектор на Србија од март 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА