Драган Стојковиќ – Пикси не го криеше разочарувањето што Србија не успеа да приреди изненадување на дуелот со европскиот вицепрвак Англија, губејќи со 1-0 во својот прв меч на ЕВРО 2024.
Стојковиќ најавуваше офанзивна игра на српскиот национален тим, па затоа изненадувачки беше тоталната дефанзива од стартот, кога „гордиот албион“ целосно доминираше на теренот и успеа да го постигне единствениот гол преку Белингем.
„Одигравме храбро, планот беше да победиме вечерва, но не успеавме. Стоевме во дефанзивна зона на стартот, тоа беше договорено, да се повлечеме и да им ја оставиме топката, да имаме повеќе простор за игра во нивната половина. За жал, примивме гол и со тоа се сменија многу раобти. Во секој случај, мораме да бидеме горди на ваков меч против исклучително силен ривал. Не се сомневам дека на следниот натпревар ќе бидеме уште подобри“, изјави српскиот селектор.
Нашиот северен сосед во следниот меч се среќава со Словенија, дуел на кој триумфот е императив за Пикси и неговите избраници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА