Драган Стојковиќ – Пикси немаше многу причини за задоволство откако Србија се најде во групата Ц од претстојниот европски шампионат, за противници добивајќи ги селекциите на Англија, Данска и на Словенија.
„Тешка, исто така и интересна група. Мораме да играме на највисоко ниво против сите, целта ни е да бидеме што подобри, да се избориме за едно од тие први две места“, изјави српскиот селектор.
Потоа, тој кратко ги изанализира сите противници.
„Балканско дерби со Словенија, која не енималку лесен ривал. Тука е и Данска, крајно незгодна селекција, добра компактна екипа. Што да се каже за Англија, една од најдобрите репрезентации во светот. Ќе биде интересно, имаме доста време да се подготвиме, да бидеме најдобри кога ќе биде најважно“, порачува Стојковиќ.
Српската селекција во првото коло ќе се сретне со фаворитот Англија, по што ќе следат пресметки со Словенија и со Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА