Драган Стојковиќ сè уште се смета за една од најголемите ѕвезди што играле во Јапонија, па затоа не е изненадување што сè уште има божествен статус во оваа земја.
Тој играше седум години во Нагоја, а таму ја започна и својата тренерска кариера, каде што помина шест години.
Сега повторно се враќа во Нагоја, на спектаклот закажан за 19 април кога се отвора новиот стадион, а Пикси ќе биде специјален гостин.
„Со големо задоволство ве известуваме дека Драган Стојковиќ Пикси ќе биде присутен во живо на отворањето на новиот стадион „Палома Мизухо“ во недела, 19 април. Тој помина седум години како играч и уште шест како тренер, носејќи ни многу радост и незаборавни спомени на двете позиции. Ова ќе биде негова прва посета на Нагоја по речиси 13 години. Во таа смисла, ќе бидат во продажба специјални дресови, кои ќе искажат почит кон Стојковиќ, како и премиум седишта кои нудат посебно искуство. Дојдете и придружете му се на Пикси, заедно да го прославиме отворањето на овој посебен, свет терен“, се вели во соопштението на клубот.
Дресовите во чест на Стојковиќ во моментов се продаваат за 29.700 јени, или околу 160 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

