Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси на денешната преконференција за медиуми говореше и за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, фудбалерот на Ал Хилал кој повторно не се најде на списокот на повикани фудбалери за престојните предизвици на српската репрезентација.
Стојковиќ откри дека имал нов разговор со Милинковиќ-Савиќ кој повторно го одбил неговиот повик па тој во иднина нема да биде повикуван за настап се додека тој е селектор.
„Разговаравме пет пати. Последниот пат по крајот на Лигата на Нации кога говоревме за почетокот на новиот квалификациски цикус. Сергеј остана при ставот дека не е подготвен. Го почитувам тоа, но за мене приказната заврши тука. Додека јас сум селектор нема да добие повик за настап“, изјави Пикси кој откри и дека нема „нерасчистени сметки“ помеѓу нив.
„Го ценам. Тој е добар фудбалер, но по пет обиди и разговори со него не треба повеќе да губам ниту време ниту енергија. Има други кои чекаат“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

