Пикси седнува на клупата на МЛС тим

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, би можел наскоро да се врати на тренерската работа по едногодишна пауза, а негова следна дестинација се очекува да биде американската МЛС-лига.

Како што пренесуваат српските медиуми, Стојковиќ добил официјална понуда од клубот Лос Анџелес ФЦ. Двете страни веќе воспоставиле првичен контакт кој поминал успешно, а двете страни се отворени за соработка.

Зад Пикси е долгогодишно тренерско искуство во Азија и на клупата на Србија, а овој ангажман би означувал негово големо враќање на фудбалската сцена.

Се вчитува...