Пикси: Што сакате повеќе? Ќе ја одведам Србија на ЕВРО 2024

Србија ја очекуваат натпреварите со Унгарија и со Црна Гора во октомвриските квалификации за пласман на ЕП 2024.

Српската селекција предводена од Драган Стојковиќ – Пикси ја очекуваат клучните мечеви во битката за првите две позиции во групата кои водат на ЕВРО 2024. Србија во моментов има 10 бода, два повеќе од Црна Гора, но е со заостанување зад Унгарците.

„А, што очекувавте? Да бидеме на ЕП по само три кола? Дали барате само резултат или и подобра игра? Може да играме подобро, но резултатите се најважни. Не сум и јас задоволен со многу нешта, па не критикувам јавно. Целта на Србија, а и моја лична цел е Србија да се најде на Европско првенство. Тоа е приоритет, и ќе направиме се така и да биде. Ситуацијата не е алармантна и не треба прерано да се носат заклучоци. Да го видиме крајот па ќе зборуваме за се. Но, немој да имате дилема дека ќе направиме се за да одиме во Германија“ – истакна Пикси на денешната средба со медиумите.

Србија сега сака во Будимпешта да им се реваншира на Унгарците за поразот во Белград.

„Сакаме во Будимпешта да покажеме дека местото ни е на ЕП. Од нас зависи. Ние одлучуваме за нашата судбина. Не очекувам никој да игра за нас, туку ние да играме за себе. Ова е првпат откако сум тука да не ми требаат фудбалери, туку воини. Не да војуваат, туку во ментална смисла воини. Мора да го разбудат тоа во себе“ – вели српскиот селектор.

Се вчитува...