Србија беше целосно надиграна и заслужено загуби со 2-0 на гостувањето против Данска, издание по кое кај северниот сосед повторно се тргна со лавина критики кон селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.
Тој во свој стил како и на ЕВРО 2024, на прес-конференцијата се јави со анализа во која не ги призна грешките, наведувајќи дека Данска била супериорна бидејќи е поквалитетна, но и за алиби претставувајќи го заморот во српската селекција.
„Не беше лесно да се играат две средби со силни ривали во три дена. Станавме во пет часот за да стигнеме во Копенхаген, логично беше да бидеме изморени, организмот не беше доволно регенериран. Имавме кадровски проблеми, знаевме дека ќе ни биде тешко во второто полувреме, кога Данска целосно доминираше. И тие беа без неколку играчи, но се покажа дека се супериорни во однос на нашите фудбалери. Во првото полувреме бевме апсолутно егал, тие дадоа гол од единствената шанса, ВАР пресуди против нас. Потоа, во вториот дел го искористија фактот дека бевме преморени“, изјави Стојковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА