Пикси со неочекуван повик – Наскоро со нов клуб во битка за Лига на шампиони!?

Поранешниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, наскоро би можел да има нова работа, откако изминатава есен ја напушти српската репрезентација. Сега има повик од гигантите од Тунис, тимот на Есперанс.

Актуелниот тренер Махер Канзари е под голем притисок, пред отказ, а тунискиот клуб го гледа решението во Пикси.

Есперанс е најпознатиот клуб во Тунис, кој бил шампион 34 пати, а во последните девет години освоил титули дури осум пати. Моментално е на бод зад лидерот Клуб Африка. Овој тим и четири пати ја освоил Африканската Лига на шампиони, а оваа сезона е блиску до квалификации за следната фаза.

Кон средината на октомври, Стојковиќ го заврши својот мандат на клупата на Србија, каде што помина четири и пол години, а ги предводеше „орлите“ до Светското првенство во Катар и на ЕП во Германија, а избори и пласман во А-дивизијата од Лигата на нации.

Сепак, замина од клупата по поразот од Албанија во Лесковац. Претходно во својата кариера работеше и како тренер во Јапонија и Кина. Легендата на Црвена звезда, претходно играше и за Раднички од родниот Ниш, а настапуваше и за Марсеј, Верона и Нагоја.

Од јули 2005 до октомври 2007 година, Стојковиќ беше претседател на Црвена звезда. Како играч, тој го носеше и дресот на Југославија.

Се вчитува...