Пикси: Србите не умираат лесно

Србија во последната секунда од мечот се спаси од пораз од Словенија, и елиминација од ЕВРО 2024.

Лука Јовиќ е херојот на Србите, кој со гол буквално во последната секунда од истекот на продолженото време, постигна гол кој значеше еден бод, прв за Србите на овој меч.

После натпреварот, селекторот Драган Стојковиќ-Пикси кажа дека резултатот е изборен благодарение на вербата до крај на овој тим.

„Србите не умираат така лесно, никогаш не се предаваме, одиме до крај, и резултатот дојде како награда за тоа што верувавме до крај“, рече Стојковиќ.

Се вчитува...