Пикси: Требаше само да бидеме паметни за да го доведеме мечот до крај…

Репрезентацијата на Србија пропушти победа против Камерун во вториот свој натпревар на Мундијалот во Катар, од водство од 3-1 дозволувајќи на помалку смешен начин бледите Камерунци за две минути со два гола да дојдат до 3-3.

Селекторот на Србите, Драган Стојковиќ – Пикси вели дека се чувствува фрустрација во неговиот тим по еден ваков меч, но дополнува дека и проблемите со повредите си го направило своето.

„Чувствуваме фрустрација по мечот. Да имате предност од 3-1 на ова ниво е навистина голема предност и треба само да се биде паметен да се доведе мечот до крај. Мислам дека некои грешки скапо не чинеа. Апсолутно непотребно излегување високо на последната линија. Тоа е забрането во фудбал на високо ниво. Факт е дека сме подобри од Камерунците, но резултатот е 3-3. Создадовме колосални шанси, не знам како можеа да се промашат“ – вели Стојковиќ.

Откри дека повторно се мачат и со повредите…

„Имавме принудни замени денеска. Павловиќ и Вељковиќ двата централни бека мораше да го замениме. Не е албини, но криво ми е што мора да ги менувам поради повреди“.

Се вчитува...