Фудбалската репрезентација на Србија на разочарување на многу нејзини фанови уште во групната фаза го заврши настапот на Светското првенство во Катар, на кое народот од оваа земја сметаше дека нивната репрезентација може да оди до самиот крај.
По очајните партии во групата Г во која Србија заврши на последното место со само еден освоен бод, селекторот на Србите, Драган Стојковиќ Пикси велеше дека главна причина за ова е тоа што неговиот тим бил физички неподготвен.
Сепак, статистиката на СП во Катар кажува нешто друго. Србите буквално во секој од трите меча од групната фаза го претрчале својот противник, што дефинитивно ја демантира причината која Пикси ја наведуваше како главна за нивната елиминација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА