Пикси: Венгер долго ме бараше да одам со него во Арсенал, но одбив!

Српскиот тренер Драган Стојковиќ – Пикси открива дека своевремено Венгер го повикал да дојде кај него во Арсенал, но дека не можел да ја напушти Јапонија поради семејни причини.

Стојковиќ и Венгер ги врзува пријателство уште од Нагоја, каде Французинот беше тренер на српскиот ас…

„Откако замина од Јапонија ме повика да одам со него во Арсенал. Многу размислував, беше тоа животна шанса, но одбив од две причини. Децата ми одеа во одлично училиште во Јапонија. Беа пресреќни, а јас се чувствува пријатно во таа земја. Но, доколку децата не одеа на училиште сигурно ќе одлучев да заминам во Лондон“ – вели Пикси.

Стојковиќ дополнува дека Венгер е причината што тој почнал тренерска кариера…

„Поради се што научив од Венгер се одлучив да бидам тренер. Покрај него сфатив дека фудбалот едноставен, а тоа е веројатно најважно. Тој ми беше инспирација за се“ – вели легендата на југословенскиот и српскиот фудбал.

Се вчитува...