Пикси во елемент: Мило ми е што играме со Бразил, но Србија не се плаши од никого

Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси е главниот адут на Србија на претстојниот светски шампионат, откако овој стручњак успеа да го врати победничкиот дух во таборот на „орлите“ и да ги предводи до директен пласман на СП 2022 во Катар.

Ждрепката не им беше премногу наклонета на Србите, кои ќе се сретнат со Бразил, Швајцарија и со Камерун, но Стојковиќ уште еднаш го истакна својот победнички менталитет, како што тоа го стори пред клучниот квалификациски дуел во Португалија.

„Тоа ќе биде еден мини-турнир од три натпревари кои ќе мораме да ги одиграме на највисоко ниво. Групата секако е тешка, но една работа е сигурна, Србија не се плаши од никого, сакавме ваков предизвик и верувам дека ќе одговориме на вистински начин на него. Искрено, мило ми е што играме со Бразил, знаеме дека оваа земја е синоним за фудбал, па ајде да видиме како можеме да им се спротивставиме“, истакна Стојковиќ.

Србија својот прв меч на СП 2022 ќе го игра на 24 ноември против Бразил, за четири дена подоцна е закажана пресметката со Камерун, додека дуелот меѓу Србија и Швајцарија, кој според многумина ќе решава за пласманот во осминафиналето, ќе се игра на 2 декември.

Се вчитува...