Синоќа во Белград Англија славеше над Србија со убедливи 5-0 во рамките од квалификацискиот натпревар од групата К за Светското првенство 2026 година. За време на мечот во еден момент, навивачите бараа оставка од селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.
„Оди си Пикси“, се скандираше од трибините од најголемиот стадион во Србија, Рајко Митиќ. После мечот, селекторот на Србија имаше коментар за ваквата ситуација.
„Во врска со тоа, луѓето имаат право на свое мислење. Тие може да го изразат незадоволството, исто како што сум и јас незадоволен од поразот. Тоа е нормално да бидат разочарани, исто како што сум јас разочаран“, рече Пикси.
Околу самиот натпревар, тој коментираше:
„Кога имате противник како Англија, која е далеку подобра во сите сегемнти од игата, во брзина, физика, техника, епилогот е пораз и ваков резултат. Она што е многу поважно според мене е дека ова е една реалност, да видиме каде сме ние во однос на нив. Против таков тим си немоќен. Се покажа дека заслужено доминираа, постигнуваа голови. Не можевме ништо да направиме“, рече селекторот на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

