Незадоволството на Душан Тадиќ од статусот на резерва на мечот со Англија е главна вест во српската јавност, а кај нашиот северен сосед се стравува дека со тоа може сериозно да биде нарушена атмосферата во репрезентацијата пред клучните дуели со Словенија и со Данска.
Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси на почетокот од својата изјава по мечот објасни дека свесно ја донел одлуката за Тадиќ, за да го поштеди и да го има свеж во второт дел кога ќе се решава натпреварот. Потоа, новинарите го шокираа селекторот откако му открија што кажал Тадиќ, откако асот на Фенербахче се самопрогласи за најдобар играч во репрезентацијата, не криејќи го разочарувањето што не бил стартер против Англија.
„Ух, не е добро ако го рекол тоа… Ух, никако не е добро, не е добро… Тоа беше моја одлука од тактички причини, исклучиво од тактички“, прокоментира разочарано српскиот кормилар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА