Пилотот е виновен – правел почетнички грешки при летот на Сала

Пилотот Дејвид Иботсон е единствениот виновник за страшната авионска несреќа во која животот покрај Иботсон го загуби и фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала. Според последните информации од истражувањето на аргентинскиот новинар Кристијан Мартин, Иботсон пред и за време на летот направил  неколку огромни грешки кои придонеле да се случи страшната несреќа.

„Пилотот Иботсон не ги користел интрументите за летање во облачни временски услови, што била почетничка грешка. Ова практично значи дека тој не ја користел опремата што му била на располагање при вакви услови, иако било очигледно дека има густи облаци над Англискиот канал кои значително му ја намалувале прегледноста. Покрај тоа, дали намерно или случајно, Дејвид Иботсон во официјалниот записник за летот внел погрешен број на лиценца за пилот, а останатите негови документи покажуваат дека тој не смеел да пренесува други лица во авионот“ – тврди Мартин.

Потрагата по телото на пилотот Иботсон се очекува да продолжи оваа седмица, откако беа собрани средства за да биде ангажирана компанијата за спасување која ги пронајде авионот и телото на Емилијано Сала.

Се вчитува...