Пинг-понг: Продолжува агонијата на Вардар, неприкосновен лидер е Младост Прилеп

Во пингпонгарската Супер лига продолжува агонијата на се уште актуелниот шампион Вардар. Без Станојковски во своите редови Вардар речиси е непрепознатлив, во рамките на четвртото и петтото коло вардарци претрпеа два порази и се наоѓаат на последното седмо место. Неизвесен натпревар одиграа прилепски Младост 96 и Шампион Фа од Штип, славеа штипјани со 4-1 но три од вкупно пет одиграни партии завршија со резултат 3-2.

Неприкосновен лидер во суперлигашката табела е Младост од Прилеп кој не дозволи да изгуби ни една партија, па така прилепчани имаат скор пет победи од пет натпревари и 16-0 скор на партии.

Во Првата лига Телеком НЕЦ 2 ја продолжи серијата без пораз и со квалитетот на играчите во нивната екипа претставуваат најсериозен кандидат за пласман во Супер лигата. По службено изгубениот натпревар Струга има серија од 4 победи и се во одлична низа пред последниот турнир, кога се среќаваат со првите две екипи Телеком НЕЦ 2 и Крива Паланка 2007.

Табела Супер Лига

1. Младост 4 4 8

2. Шампион_ФА 4 4 8

3. Младост_96 4 3 7

4. Работнички 4 2 6

5. Радовиш 5 1 6

6. Телеком_НЕЦ 5 1 6

7. Вардар 4 0 4

Резултати Супер Лига 4 и 5 коло

IV КОЛО

Телеком_НЕЦ – Работнички 0-4

Радовиш – Вардар 4-3

Младост_96 – Шампион_ФА 1-4

V КОЛО

Шампион_ФА – Телеком_НЕЦ 4-0

Вардар – Младост_96 1-4

Младост – Радовиш 4-0

Табела Прва Лига

1. Телеком НЕЦ 2 5 5 10

2. Крива Паланка 2007 5 4 9

3. Струга 5 4 8

4. Мултитекс 5 3 8

5. Кочани 5 2 7

6. Борец ТИМ 5 1 6

7. Пошта 2 5 1 6

8. Дебар Маало 5 0 5

Резултати Прва Лига 4 и 5 коло

IV КОЛО

Пошта 2 – Телеком НЕЦ 2 0-4

Борец ТИМ – Крива Паланка 2007 2-4

Дебар Маало – Кочани 1-4

Струга – Мултитекс 4-1

V КОЛО

Мултитекс – Пошта 2 4-0

Кочани – Струга 3-4

Крива Паланка 2007 – Дебар Маало 4-1

Телеком НЕЦ 2 – Борец ТИМ 4-0

Во Прилеп за првпат се одржа рангирен турнир за млади кадети на возраст под 12 години. На турнирот кај кадетите најуспешен беше Александар Јакимовски од Крива Паланка кој во финалето го совлада Ненад Тиловски од Телеком Нец 2 со 3-0.

Пласман Кадети

1.Александар Јакимовски

2.Тиловски Ненад

3.Давид Јоноски, Давид Иванов

Кај кадетките беа пријавени 5 натпреварувачки. Најуспешна беше Фани Јовановска од Крушево.

Пласман Кадетки

1.Фани Јованоска

2.Сара Стојановска

3.Матеја Смолиќ

4.Марија Котеска

5.Марија Стојановска

Благодарение на одличната соработка на ППФМ со другите асоцијации од Европа, Лука Стојчев од Шампион ФА и Фани Јовановска од Крушево од 28 октомври до 4 ноември ќе учествуваат на камп во Шведска. Тренер на Лука и Фани ќе биде Сашко Богатинов. Покрај учеството на кампот каде што ќе бидат тренирани од врвни тренери, Фани и Лука ќе учествуваат и на силен турнир.

Испраќањето на Фани е Лука од страна на пинг понгарската федерација е како резултат на договорот за соработка кој ППФМ го има со Шведска.

Се вчитува...