Пинг понг: Радовиш во елитата, Мултитекс се сели во Првата лига

Дванаесеттото и тринаесеттото коло од Супер Лигата и од Првата лига донесоа решение на две непознати. Познато е дека екипата на Радовиш од следната сезона ќе се натпреварува во елитата, додека битолскиот клуб Мултитекс се сели во Првата лига. За опстанок во Супер Лигата во бараж натпревар штипскиот УГД ќе се бори против Кочани, екипа која ќе се обиде да се пласираат во Првата лига.

Врвот на супер лигата ќе се решава во последното коло, Вардар и Младост во последното коло ќе одлучат кој ќе ја има пол позицијата во плејофот. Победникот од нивниот дуел ќе го освои првото место во регуларниот дел на првенството што значи дуел со четврто пласираната екипа. Во борба за третото место подобри шанси има екипата на Телеком НЕЦ која што има ист број на бодови со Младост 96, но има подобар скор од меѓусебните дуели.
Вардар, Младост, Телеком НЕЦ и Младост 96 се екипите кои обезбедија учество во плејофот. Екипите на Работнички и Шампион ФА обезбедија учество во Супер лигата и за следната сезона.

Вистинска драма во последното коло ќе се случува во борбата за опстанок во Првата лига. Борец ТИМ, Студент и Пелистер се во игра за опстанок. Можни се следните комбинации, Пелистер со победа над Студент, доколку загуби Борец ТИМ обезбедува директен опстанок во лигата. Борец доколкупобеди во последното коло ќе биди сигурен на шестото место. Студент со победа обезбедува бараж натпревар за опстанок во првата лига.

На 17 Февруари во СЦ Форца во Скопје не очекуваат интересни натпревари на кои што ќе бидат решени и последните непознаници од регуларниот дел на сезоната 2018/19.

Супер Лига XII коло

Телеком НЕЦ – Мултитекс 4-1

Вардар – Шампион ФА 4-1

Младост 96 – Работнички 4-2

УГД – Младост 0-4

Супер лига XIII коло

УГД – Телеком НЕЦ 0-4

Младост – Младост 96 4-2

Работнички – Вардар 2-4

Шампион ФА – Мултитекс 4-0

ТАБЕЛА СУПЕР ЛИГА

1. Вардар 25

2. Младост 24

3. Телеком НЕЦ 22

4. Младост 96 22

5. Шампион ФА 18

6. Работнички 17

7. УГД 15

8. Мултитекс 13

 

Прва Лига XII коло

Студент – Пошта 2 4-3

Радовиш – Пелистер 4-0

Струга – Дебар Маало одложено

Борец ТИМ – Кочани 1-4

Прва лига XIII коло

Борец ТИМ – Студент 4-3

Кочани Струга одложено

Дебар Маало – Радовиш 1-4

Пелистер – Пошта 2 1-4

ТАБЕЛА ПРВА ЛИГА

1. Радовиш 26

2. Кочани 22

3. Пошта 2 20

4. Дебар Маало 18

5. Струга 17

6. Борец ТИМ 16

7. Студент (-1) 15

8. Пелистер 15

Екипата на Струга има 2 натпревари помалку. Екипита на Кочани и Дебар Маало имаат по еден натпревар помалку.

Се вчитува...