Пингпонгарите на Крива Паланка се нови шампиони на Македонија за сезоната 2023/24.
Екипата на Крива Паланка го доби дуелот со ППК Младост 96 од Прилеп со резултат 4-2 и со тоа дојдоа до шампионската круна за изминатава сезона.
За ППК Крива Паланка настапија: Кристијан Станојковски, актуелниот шампион во поединечна категорија, Роберт Стаменковски и Србинот Ѓорѓе Петровиќ, додека за екипата на Младост 96 настапија: Петар Костовски, Антонио Стомнароски и Србинот Ѓорѓе Борчиќ.
Екипта на ППК Крива Паланка оваа сезона до шампионската титула дојде без ниту еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА