Пингпонгарите на тренинг-камп под водство на селекторот Миленковиќ во Прилеп

Додека течат последните подготовки за одигрување на натпреварите од 13-то и 14-то коло од Суперлигата и Првата лига, во Прилеп се одржува тренинг камп за млади таленти до 12 години.
 
Млади играчи од Берово, Крушево, Скопје, Битола и Велес деновиве во Прилеп работат со селекторот Милош Миленковиќ, тренерот Зоран Јованоски и неколку искусни спаринг партнери. За Федерацијата ова е влог во младите пинг понгари(к)и и пренесување на знаење и искуство од стручни и искусни играчи и тренери.
 
Во недела продолжуваат натпреварите од Суперлигата и Првата лига, а закажани се и натпреварите од Втора лига.
 
Натпреварите од Супер и Прва лига ќе се одиграат во салата Јане Сандански во Скопје, со почеток во 10 часот.

Се вчитува...