Изминатиов викенд во Берово се одржа пинг понг тренинг камп на кој учествуваа најдобрите двајца во машка и женска конкуренција во категориите до 11, 13, 15 и 19 години во Македонија.
Покрај тренерите ангажирани од Федерацијата, кампот го водеше менаџерот за развој на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) Мохамед Алтоум.
Овие кампови станаа пракса која ја спроведува федерацијата, а со цел обезбедување на тренинг процес кој треба да помогне на самите учесници и на тренерите во текот на сезоната.

Кампот доаѓа по семинарот за тренери кој исто така се одржа во Берово, а пред почетокот на Меѓународниот натпревар која ќе се одржи во Скопје од 5. до 9. септември каде што уество ќе земат дел од учесниците на кампот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

