Пингпонгарките на Крива Паланка се нови шампионки на Македонија

Изминатиов викенд завршија и последните лигашки натпревари во женската сениорска тимска конкуренција.

Екипата на ППК Крива Паланка со победата врз ППК Шампион Фа со 4-2 успеа да ја обезбеди титулата државен првак во женска сениорска тимска конкуренција. Екипата ја сочинуваат Ана Стојановска, Сара С. Стојановска, Сара А. Стојановска и Србинката Олга Павловиќ која ги доби клучните натпревари за овој тим да се најде на врвот.

На второто место заврши екипата на ППК Шампион Фа од Штип, а третото го освои екипата на ППК Берово каде што сите играчи се јуниорки.

Престојниов викенд, на 13. и 14. мај, се играат последните кола и од машката државна сениорска лига во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 10 часот.

Се вчитува...