Македонија учествува со 11 репрезентативци на Балканското пингпонгарско првенство во категориите до 15 и 19 години, кое од денеска до 28 јуни се одржува во Грција.
Репрезентацијата е предводена од тренерите Гоце Тошески и Христијан Јовановски.
Јован Пармачки од ППК Зегин Берово, пак, учествува на Европски камп во Порто, Португалија. Како еден од најперспективните во најмладите категории Пармачки е избран да учествува на овој камп и истиот носи квалификациска можност за Светскиот камп за млади надежи.

Пармачки го предводат тренерот Зоран Јованоски и Горан Тиловски.
Влогот во младите перспективни играчи останува приоритет на Пинг-понгарската федерација на С. Македонија и федерацијата позитивно одговара особено на можностите за меѓународен напредок на играчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

