Пинтуро во војна со ФИС: Правите од нас шоу, среќата не треба да е фактор

Паралел-велеслаломот кој се одржа во францускиот Шамони, а е дел од Алпскиот светски скијачки куп предивика бурни реакции кај најдобрите скијачи во светот. Победник беше Швајцарецот Лоик Мелард. Реакциите доаѓаат поради тоа што патеките на овој втор паралел-велслалом не беа еднакви. Најжестока реакција имаше Алекси Пинтуро, а доби поддршка од Ивица Костелиќ.

„Се чувствувам измамено. Искористени сме за шоу, ова не е спорт. Од кога среќата е поважна од издането кое ќе го прикажеш. Најважното што ме интересира е кога ФИС ќе почне да ги зема предвид забелешките од скијачите“ – стои во објавата на Пинтуро на која Костелиќ реагираше со „Алекси, ја имаш мојата поддршка за ова“.

 

Се вчитува...