Пиоли: Чист пенал за нас, ВАР го реши победникот

Фиорентина загуби со 0-2 на домашен терен од Јувентус, по головите што во второто полувреме ги постигнаа Бернардески и Игуаин, „но виолетовте“ по мечот беа бесни на големиот судиски пропуст и недосудениот пенал во нивна корист. Само за потсетување, главниот судија покажа на белата точка по играњето со рака на Кјелини, но потоа со ВАР технологија оваа одлука беше променета бидејќи Бенаси се наоѓал во офсајд, иако е очигледно дека топката до него стигнува од фудбалерот на Јувентус, Алекс Сандро.

„Судиите чекаа цела вечност за да донесат одлука и на крајот ја донесоа погрешната. Ни кажаа дека било офсајд, но Сандро имаше два допири со топката пред таа да дојд до Бенаси, така што не може да каже дека нашиот играч бил во недозволена ситуација. На вакви израмнети натпревари решаваат ситници, па ваквите грешки знаат да бидат погубни за екипите. Она што мене ме разочара е што главниот судија не ни отиде самиот да ја види ситуацијата на ТВ, чекавме вечност за некој друг да му каже дека не било пенал, а тој не погледна за самиот да се увери и на крајот донесе погрешна одлука“ – изјави тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли.

Се вчитува...