Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е блиску да го продолжи договорот со „росонерите“. Тоа ќе се случи во следниот период, откако двете страни наводно веќе се договориле за нова соработка.
Официјално продолжувањето ќе биде објавено во текот на идната недела. Според медиумите, новиот договор ќе биде на плус две години, односно до 2024 година. Тој ќе заработува 3,5 милиони евра годишно плус бонуси.
Милан оваа сезона нема пораз во 12 меча од Серија „А“, од кои 10 се победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА