Актуелниот предводник на Милан, Стефано Пиоли ги брои последните денови како тренер на „росонерите“. Веројатно по завршувањето на сезоната ќе добие отказ и ќе биде слободен агент.
Меѓутоа според информациите од Италија, Пиоли нема да чека многу за негов нов ангжман. Тренерот веројатно ќе го преземе тимот на Наполи, кој е во потрага по тренер.
Доскорашниот првак оваа сезона имаше проблеми со тренерите, го смени Руди Гарсија, па потоа го смени и искусниот Валтер Мацари, а Де Лаурентис сака да најде трајно решение.
Се шпекулираше и со враќање на Маурицио Сари, но засега Наполи нема најдено нов тренер со кој во идната сезона ќе почне една нова ера со која ќе се врати на шампионските патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА