Пиоли донесе драстична мерка: Го отстрани својот играч од првиот тим

Во последно време ситуацијата во Милан не е „розова“. Стефано Пиоли е пред отказ, а навивачите бараат конкретни мерки за решавање на кризата.

Ниту атмосферат меѓу играчите не е добра, а тоа најдобро го покажува што Милан се реши да отстрани играч од првиот тим. Станува збор за Раде Круниќ, кој тренира одвоено од тимот. Причината за ваквиот потег не е позната.

Јасно е дека Круниќ зимава ќе го напушти Милан, но каде ќе замине и натаму не е познато. Фенербахче не сака да ја плати сумата од 6 милиони евра која ја бара италијанскиот гигант, а за него има интерес и од Лион.

Се вчитува...