Пиоли ги казни играчите: Не им даде да си одат дома, ноќта ја минаа во кампот

Милан неочекувано вчера беше поразен и елиминиран од Купот на Италија од Торино на домашен терен, и покрај тоа што „росонерите“ играа со играч повеќе речиси пола час. Сепак, на крајот „црвено-црните“ не успеаја да го скршат противникот, кој во 114 минута успеаја да постигнат гол, и така да му нанесат „шок“ на тимот од Милано.

Колку поразот од Торино го вознемири тренерот на Милан Стефано Пиоли, најдобро открива информацијата дека искусниот стратег не ги пуштил играчите да си одат дома.

Како што открива „Газета“, Пиоли на фудбалерите им наредил да преспијат во тренинг центарот во Миланело, каде што денеска ги чека тренинг и подготовка за дуелот со Лече.

Пиоли и по натпреварот не го криеше разочарувањето, и кажа дека и покрај агресивната и одлучна игра, сепак, на крајот неговиот тим не успеал да го најде патот до голот на противникот.

Се вчитува...