Милан не ја почна 2023 година на посакуваниот начин, актуелниот италијански првак падна на петтото место на табелата, но тренерот Стефано Пиоли верува дека утрешниот дерби дуел со Интер е идеална можност за „росонерите“ да се вратат на победничка патека.
Серијата слаби игри почна токму со поразот од градскиот ривал во Супер-купот на Италија од 0-3, меч што ќе биде дополнителен мотив за Пиоли и неговите избраници.
„Не бевме толку послаби за да загубиме 0-3 во Ријад, примивме три гола по три одбиени топки. Знаеме што згрешивме, каде можеме да се подобриме, секогаш сум велел дека не треба да стравуваме од вакви дерби дуели. Напротив, ова е одлична можност за нас да покажеме дека сме подобри од Интер. Точно е дека Интер се наоѓа во подобар моментум, но ние сме актелни шампиони, имаме верба во себе и убеден сум дека на сите ќе им докажеме дека овој Милан не го кажал последниот збор“, самоуверен е тренерот на „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА