Стефано Пиоли не го криеше разочарувањето откако неговите избраници го загубија и реваншот од Интер, што значеше елиминација во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
„Росонерите“ се обидоа да се вратат, но како клучен се покажа катастрофалниот старт од првиот натпревар во кој Интер за десетина минути поведе со 2-0, трасирајќи си го патот до големото финале.
„Многу сме разочарани бидејќи имавме огромна желба да играме во големото финале. Дадовме се од себе, ништо не можам да им замерам на момците, за жал не можевме да се вратиме. Се падна во вода за помалку од 15 минути во тој прв натпревар, кога Интер приреди шок со два брзи гола. Се обидовме да се вратиме, но ние не успеавме да ја реализираме својата прва шанса на реваншот како што Интер го направи тоа минатата седмица“, прокоментира Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА